„Ова е нејзина приказна“
или „Ова е нејзина историја“ - This is HERstory
Игра на зборови
која доаѓа по инспирација на мојата
менторка Donna Carpenter (Burton Snowboards), за време на Global
Sports Mentoring програмата во 2012 година, која вели „доволно учиме историја (HISTORY), време е да создадеме
нејзина историја (HERSTORY)“. Овој видео
прокет цели токму кон овековечување на една историја испишана од неповторливите
искуства на женски атлети од разни делови на светот, кои
постигнале светски резултат во своето поле, сепак светот не знае за нив. Низ
овој серијал тие ќе ја раскажат својата приказна со што заедно ќе ја создаваме
историјата на храбри подвизи од планинарските и адреналински спортови.
- Илина Арсова, креативен продуцент
Зошто качување? Во многу земји екстремните
спортови поготово алпинистичките искачувања на големи надморски височини се
потценети во споредба со другите спортови. Една од причините за ваков
несоодветен (не фер) третман и отсуството на реална споредбена конкуренција
додека освојувате врв. Но за волја на вистината многу околности кои ја
изложуваат оваа активност на висок ризик, не се земаат во предвид додека
се вреднува спортското достигнување како национален резултат ( лавини, невреме,
недостаток на кислород, екстремни температури и одалеченост од безбедни точки).
Зошто девојки? Во некои гимнастички,
атлетски спортови жените може да бидат по активни од мажите, но во планините
жените учествуваат само со 10% и помалку, како и драстично тоа дека помалку се
застапени во медиумите. Овде не сме да ја нагласиме феминистичката страна, туку
страста, посветеноста и спортските резултати од овие атлети.
Цели: Главна цел на овој проект е промоција
на родовата еднаквост преку спортот, посебно во земјите во развој. Целиме да
креираме повеќе модели од позитивни примери мотивирајќи ги следните генераци на
млади и девојки кон спортовите, преку инспиративни приказни кои раскажуваат за
желба, посветеност, страв, љубов и среќа. Во Јули годинава, екипата на
#HERstory почна со снимање на документарниот серијал. Премиерниот видео портрет
беше посветен на балканската високогорска првенка Ута Ибрахими која во
последните две години искачи три хималајски врвови над 8000м и тоа: Еверест,
Манаслу и Лоце, а до крајот на годинава се очекуваат Чо Ју и Шишапангма.
Снимањето се одвиваше на планината Кораб, за што голема благодарност изразуваме
до НП Маврово и полициска станица Стрезимир за логистичка поддршка и помош во
организацијата.
This is HERstory e авторски проект на Илина
Арсова и иницијативата Арт и Авантура, а филмската екипата на терен во
меѓународен состав ја сочинуваа: Режија: Игор Христов / Камера: Рашко Раков и
Горан Кузмановски / Креативен продуцент: Илина Арсова / Драматург: Ванеса Бухе.
Трејлерот за видеото може да го погледнете
на следнава врска, а во најава е ново
видео од првата епизода каде се обработија портретите на Ута Ибрахими (Косово),
Илина Арсова (Р.Македонија) и Аргиро Папатанасиу (Грција).
https://vimeo.com/275643508
Comments
Post a Comment