Telemark Revolution Macedonia & Balkan telemark week


Февруари месец, освен по виното и денот на вљубените, почнавме да го паметиме и по телемарк скијањето во Македонија. Оваа година како и вообичаено започнавме на падините на Бистра со теренска обука на ски центарот Заре Лазаерски.  Телемарк скијањето како интересн и елегантен начин на скијање всуштност влече корени уште од древните цивилизации во северните земји, кои скиите ги користеле за движење низ снегот.

Од 9 до 12 Февруари Телемарк Револуција по трет пат се одржа во Маврово, овој пат во соработка со Ски Дом Горица и благодарение на верната поддршка на општина Маврово-Ростуше.

Дваесетина вљубеници во зимските спортови од Р. Македонија, Србија, Франција и Германија,  се здобија со основни практични и теоретски искуства, според новосоздадениот едукативен метод „Телемрк Експириенс“ на италијанската организација Телемарксноуевентс. Им благодариме на нашите пријатели од Италија кои ја овозможија опремата за обука како и знаењата кои постојано ги надградуваме со нив.

Овој настан се одржа благодарение на ентузијазмот и волонтерската посветеност на дечките од Телемарк Македонија и здружението ТАКТ, а за промотивните материјали секоја година со нас е Ски Македонија.

Следеше 4 дневен тренинг на Боровец со меѓународниот настан Балкан Телемарк, каде вкупно 30 тина професионални, рекреативни и почетни телемарк скијачи ги демонстрираа своите техники по падините на Јастребец и Иглика. Неколку претставници го обележија овој собир
со искачување и скијање во телемарк стил од највисокиот Балкански врв Мусала 2925м.














Comments