Nedela na Balkan telemark vo Makedonija i Bugarija / Balkan telemark week Macedonia & Bulgaria (MK version)

Недела на Балкан Телемарк: Македонија и Бугарија 13-21 Февруари 2016
Од 13 до 21 Февруари 2016 година, со посета на неколку ски центри низ Македонија и Бугарија, се одржа првиот Балкански настан за промоција на пионерската ски дисциплина - телемарк.
Телемарк скијањето го носи името по местото на потекло Телемарк во Норвешка, кога скиите се користеле како превозно средство за да се стигне од една до друга точка. Тоа е комбинација од одење и скијање односно лизгање со скиите по снегот, притоа правејќи интересни грациозни движења при секое вртење.
Телемарк -от е сеуште присутен и во ски скоковите, кога при постигнување на правилна телемарк позиција при дочекување на снегот, се добиваат бонус поени.
Телемарк како ски дисциплина во 80тите години повторно се навраќа меѓу љубителите на скијачките спортови и тоа особен замав постигнува во скандинавските земји, Италија и САД, Јапонија, а од сега и на Балканот. За оваа дисциплина се користи посебна опрема од везови и чевли каде петицата е слободна, а чевлите меки и погодни за длабоки потклекнувања кога коленото при секое вртење речиси ја допира снежната падина.
Минатата година во Македонија за прв пат се одржа промотивен Телемарк настан - телемарк (Р)Еволушн, во организација на здружението ТАКТ и ТСЕ (Италија). Италијанските инструктори потполно волонтерски дојдоа до Македонија за да ги одржат промотивните курсеви.
Оваа година истиот настан прерасна во интернационален хепенинг со учесници од Македонија, Бугарија, Србија, Италија, Франција и Украина. Свеченото отварање во хотелот Макпетрол на Маврово беше посетено од амбасадорите на Италија, Франција и САД. Настанот беше поддржан од општина Маврово - Ростуше, Италијанската амбасада, ски центар Пониква, како и од Глобалната спортска менторска програма при Стејт Департментот на САД.
Првите 5 дена од турнејата беа предвидени за Македонија со обука и курсеви на Маврово и Пониква, со поддршка од ски центарот Пониква, општина Кочани и Пробиштип. Заради годинешната ситуација и недостаток од снег во Р.М, настанот беше збогатен со теоретски предавања, фото и видео презентации и јога сесии кои му помагаат на телото и здивот подобро да се снаоѓаат при ваква спортска активност.
Практичната настава на Маврово во неделата на 14 Февруари повторно привлече голем интерес меѓу постоечките скијачи и сноу бордери кои имаа можност да направат интензивна практична обука со искусните италијански инструктори.

Деновите за трансфер вклучија културно туристичка обиколка за нашите гости од Италија и посета на неколку ски центри низ земјата и тоа: Маврово, Крушево, Пелистер и Пониква.  Во потрага по снег со еден ден подранување турнејата продолжи во Банско и Боровец, Р. Бугарија каде организацијата беше беспрекорно превземена од нашите партнери Балкан телемарк - Бугарија. 

Ден 1: свечено отварање во Маврово, работилница Јога Art of Living со Теодора Костовска, теоретско предавање за телемарк техника и користење опрема, поздравен говор од градоначалникот на општина Маврово Ростуше Г-дин Мукрем Мехмеди, Италијанскиот амбасадор неговата екселенција Г-дин Массимо Белели и претседателот на ТСЕ Италија, Мариано Валкановер, проследени од фото и видео презентацијата на Илина Арсова и последното ски - искачување на врвот Мера 6476м на Хималаите. 






















 Ден 2: Теренска настава, Телемарк импринтинг, видео проекција и дружење

                       









                             од емитувањето на емисијата Ја сакам Македонија со Илина Арсова




 Ден 3, 4: Културно туристичка промоција на Македонија и посета на неколку градови и ски центри: Крушево, Битола, Хераклеа, Преспа и Пониква.








Ден 5, 6, 7, 8: Банско, Боровец, Р.Бугарија. Телемарк импринтинг, презентации и телемаркисимо натпревар.






 најстариот и најмладиот член, Мариано и Емануеле




       со Ванеса Бухе, фото - репортер за акциони спортови

                                  со Мариа Гатева, алумни на Глобалната Спортска Менторска програма      на стејт департментот на САД



      од презентацијата на Илина Арсова „Патот до врвот“







ноќно скијање на Боровец
                       
Свеж снег на Боровец







                       
Крај

Comments