По завршувањето на настанот, се најдов и на еднодневна посета на островот Пенанг, каде од гостопримливите домаќини добив незаборавна прошетка по природните и културни споменици на островот. Пенанг е познат по урбано артистичкиот изглед на високо селектиран „стрит арт“ изработени од светски етаблирани уметници токму во оваа насока. Вистинска умешност да се трансформира една еднолична фасада во прекрасно ликовно дело кое дава порака од некој момент на тамошното општество. Димензиите на овие мурали исто така се захтевен предизвик, особено кога треба да се изработуваат во временски услови кои се или премногу жешки или влажни и врнежливи. Имав особена чест да бидам гостинка на Малезискиот автор Питер Лиу и неговите пријатели господинот Чиао и господинот Тан, кој е воедно патрон на стрит артот во Пенанг и на негова иницијатива и покровителство овие стрит арт уметници добиле заслужно место во новиот имиџ на градот.
Посетата во Малезија беше беспрекорно засладена со приемот од нашите гостољубиви Македонски амбасадори во Малезија, во чие присуство секогаш се чувствувам како дома. Неизмерна благодарност до фамилиите Алкушевски и Пановски за искреното пријателство и отвореност. Успехот на нашата културна амбасада во Малезија е високо вреднуван од целиот свет, а нивната посветеност и трудољубивост се пример и инспирација за секој Македонец.

Comments
Post a Comment